ЕЛЕМ ја искористи кратката клупа на Фабрика Карпош за сигурна победа

Фабрика Карпош 5-10(4-6) ЕЛЕМ

Фабрика Карпош: Филип Илиевски 20’ Бојан Талески 2’ 9’ 40’ Никола Шишковски 8’
ЕЛЕМ: Душан Спасеновски 12’ Тихомир Груевски 7’ 24’ Алксандар Николовски 14’ 29’ Шкиприм Руфати 15’ 17’ 18’ 31’ 32’

Одличен почеток за екипата на Фабрика Карпош во дуелот со ЕЛЕМ тие уште во раната фаза од полувремето успеаа да го отворат резултатот и поведат со 1-0. Екипата на ЕЛЕМ имаше брз одговор и ја врати неизвесноста со погодок и израмнување на 1-1 во 7та минута. Екипата на Фабрика Карпош со цврста и отворена игра што им донесе резултат па со две брзи акции во низа успеа да ја зголеми предноста на 3-1. Во втората половина на полувремето екипата на ЕЛЕМ вршеше силен притисок кон голот на Фабрика Карпош што им донесе израмнување на резултатот во 14та минута од полувремето, а веќе во следниот напад успеа да направи и целосен резултатски пресврт со водство од 3-4. До крајот на полувремето екипата на ЕЛЕМ успеа да ја задржи предноста и на паузата замина со резултат од 4-6. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ продолжи со брза и динамична игра која екипата на Фабрика Карпош со скратен состав и без измени на клупата на можеше да ја прати. Како одминуваше времето екипата на ЕЛЕМ го зголемуваше водството, екипата на Фабрика Карпош имаше неколку одлични шанси за намалување на резултатот но немаше среќа во завршницата. Екипата на ЕЛЕМ на крајот од овој натпревар славеше со убедливи 5-10.