
Макстил 5-6(1-2) ЕЛЕМ
Макстил: Лазев мартин 22’ 34’ 37’ Бобан Бојковски 26’ Армандо Алиевиќ 13’
ЕЛЕМ: Душан Спасеновски 12’ Тихомир Груевски 8’ Шкиприм Руфати 24’ 27’ 30’ Влатко Петровски 36’
Одлично прво полувреме ни прикажаа екипите на Макстил и ЕЛЕМ, двете екипи беа израмнети на теренот и со одлично поставена игра атакуваа на противничките голови. Екипата на ЕЛЕМ прва го отвори резултатот со погодокот на Груевски во 8та минута од натпреварот и поведе со 0-1, само неколку минути подоцна преку Спасеновски успеа да зголеми на 0-2. Екипата на Макстил во 13та минута од полувремето возврти преку Алиевиќ и намали на 1-2, ова им даде мотив да притиснат во предно поле и да атакуваат на израмнување. Екипата на ЕЛЕМ до крајот на полувремето ја сочува предноста па на паузата замина со минимална прендост од 1-2. Во второто полувреме екипата на Макстил продолжи со притисокот кон голот на противникот што им донесе израмнување на 2-2 во 22та минута. Сепак екипата на ЕЛЕМ успеа со одлична реализација на Руфати да дојде до повторна предност од еден гол. Екипата на ЕЛЕМ успеваше да ја одржува предноста во дуелот и со одлично поставена одбрана не дозволуваше изненадување а преку брзи контра напади успеваше да реализира на спротивната страна. Екипата на Макстил во самата завршница повторно дојде на гол негатива но немаше сили за пресврт па ЕЛЕМ славеше во овој дуел 5-6.