
A1 5-11(0-7) УНИКА
А1: Виктор Филиповски 30” 31”, Марко Недески 32”, Иван Митревски 39”, Крисијан Бојлевски 40”
УНИКА: Фисник Нухиу 2” 29”, Анди Нухиу 7” 35”, Ербин Даци 12” 13” 16” 17” 18” 26” 36”
Екипата на УНИКА одлично го започна натрпеварот со екипата на А1, со гол во 2” во реализација на Нухиу, дојде до рано водство од 0-1 во овој натпревер. Екипата на А1 играше цврсто и посветено во делот на одбраната но не успеа да ги искористи шансите во предно поле како би стигнала до гол. Во таквата игра екипата на УНИКА со висок пресинг успеа повторно да стигне во гол преку Нухиу 7” за водство од 0-2. Во продолжение екипата на УНИКА продолжи со одличната игра во делот на нападот. Во овие моменти кај УНИКА проработе Даци кој со пет последувателни гола за, до крајот на првото полувреме ја донесе УНИКА до водство од 0-7.
Во второто полувреме и двете екипи продолжија со исто темпо. A1 се обидуваше со чести измени од клупата да го одржува темпото кое УНИКА го наметна. УНИКА продолжи со отворен фудбал и одлична реализација да го контролира натпреварот, во кој и од минута во минута го зголемуваше водството. Во средината на второто полувреме кај А1 проработе дуото Филиповски – Недески кои со три гола за резултат 3-9 за момент ја вратија А1 во игра. УНИКА брзо ја консолидира својата игра и ги затвори приодите кон сопствениот гол, но А1 играа пожртвувано до последната минута. Во таквата игра А1 во завршните две минути од натрпеварот успеа да постигне уште два гола но тоа не беше доволно за пресврт, УНИКА го задржа водството и на крајот славеше победа со резултат 5-11.