
Леорон 5-7(4-5) Аџибадем Систина
Леорон: Ринор Мурати 15’ Аддас Рамадани 2’ Астрит Имери 6’ 13 ‘16’
Аџибадем Систина: Игор Ѓорѓиевски 14’ Бошковски Златко 1’ Мартин Зимеркоски 9’ 13’ 19’ 31’ Еко Османовиќ 7’
Ефикасно прво полувреме ни прикажаа екипите на Леорон и Аџибадем Систина, двете екипи имаа одличен почеток во овој дуел. Екипата на Аџибадем Систина уште во првата минута го отвори резултатот со погодкот на Бошковски, но екипата на Леорон веќе во следниот напад успеа преку Рамадани да израмни на 1-1. Екипата на Леорон продолжи со одлична игра и во 6та минута од полувремето успеа да дојде до целосен резултатски пресврт, но овој пат Систина возврати и израмни на 2-2. До крајот на полувремето двете екипи продолжија со одлична реализација но екипата на Аџибадем Систина имаше повеќе среќа па на паузата замина со минимална предност од 4-5. Во второто полувреме екипата на Леорон се обиде со офанзивна игра почесто да се заканува кон голот на противникот но Систина ја искористи отворената игра на противникот за зголемување на предноста на 5-7 до 33та минута. Во завршницата на овој дуел екипата на Систина не дозволи изненадување па на карјот од овој дуел славеше со 5-7.