
Почитувани,
По повод стартот на најелитното аматерско натпреварување во мал фудбал помеѓу најуспешните
компании во Република Македонија (16та последователна сезона) кое ќе се одржи во СЦ Борис Трајковски, ќе се одржи прес-конференција на која ќе бидат изнесени сите детали околу претстојната сезона на Бизнис Лигата на Македонија.
На овој прес ќе бидат објавени учесниците за сезона 2025/2026. Стартот на сезоната е закажан за 06.10.2025 (понеделник) во 19 часот. На пресот ќе биде презентиран и системот на натпреварување, правилата и пропозициите под кои ќе се одвива напреварувањето, распоредот на истото и сите останати детали за сезоната која претстои.
Датум: 02.10.2025 (четврток)
Локација: Прес центар, С.Ц. Борис Трајковски
Почеток: 19:00 часот
Со почит,
Бизнис Лига на Македонија
