Илиевски со шест маестрални голови ја водеше Фабрика Карпош до победа над Темато

Фабрика Карпош 12-5(6-2) Темато

Фабрика Карпош: Кире Крстевски 5”, Бојан Талески 6” 17” 31”, Оливер Бошковски 8”, Филип Илиевски 19” 20” 28” 32” 37” 39”, Никола Шишковски 23”
Темато: Хамза Мустафа 4”, Нермин Шаботиќ 16” 34”, Исат Зеќировски 24” Давуд Дрндар 27”

Дуелот помеѓу екипите на Фабрика Карпош и Темато го отвори екипата на Темато преку Мустафа кој со мастрален потег ја помина одбраната на Фабрика Карпош и постигна гол за водство на својата екипа од 0-1. Во тие моменти Фабрика Карпош ја консолидира својата игра и потпирајќи се на своето искуство за неполни две минути не само што израмни туку и го превзеде водството благодарение на головите постигнати од страна на дуото Крстевски – Талески. По неполни две минути игра, Бошковски 8” кај Фабрика Карпош се придружи на своите соиграчи и со гол го зголеми водството на Фабрика Карпош на 3-1. Екипата на Темато преку висок пресинг наметна притисок во предно поле, и во 16” го гол постигнат од Шаботиќ ја намали негативата на 3-2. Екипата на Фабрика Карпош возврати преку Талески за не цела минута со што повторно дојде до водство од два гола разлика при резултат 4-2. Во завршните минути од првото полувреме цврстата игра во одбраната и падот на концентрацијата во задните редови на Темато ги кошташе два пенала, кои Илиевски со одлична реализација ги претвори во два гола за Фабрика Карпош и со тоа на полувремето домакинот замина со предност од 2-6.
Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош продолжи со одличната игра. Во своите редови вечерва го имаше расположениот Илиевски кој беше маестрален во второто полувреме и со четири гола беше нерешлива енигма за екипата на Темато. Во ваквата поставеност Фабрика Карпош не му дозволи на Темато да фати резултатски приклучок па на крајот славеше со 12-5.