Илиевски ја водеше Фабрика Карпош – ГИМ до победа над Гранит

Фабрика Карпош – ГИМ 8-1(3-0) Гранит

Фабрика Карпош – ГИМ: Бојан Голабовски 39’ Георги Божиков 11’ Филип Илиевски 6’ 22’ 28’ 30’ 33’
Лазар Божиков 2’
Гранит: Виктор Нацев 37’

Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ од самиот старт на полувремето наметна високо темпо на игра во дуелот против екипата на Гранит. Ваквата брза и офанзивна игра им донесе рано водство во 2та минута преку погодокот на Божиновски и водство од 1-0. Екипата на Гранит започна со посилен притисок кон голот на противникот, но Фабрика Карпош – ГИМ ја искористи отворената игра па преку Илиевски и Божиков успеа да ја зголеми предноста на 3-0. Екипата на Гранит до полувремето не успеа да го изненади противникот па на паузата замина со три гола негатива. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош продолжи со одлична игра и од минута во минута преку расположениот Илиевски ја зголемуваше својата предност. Екипата на Гранит денес не успеа да најде решение за одличната игра на Фабрика Карпош – ГИМ кои на крајот од овој натпревар славеа со убедливи 8-1.