Искусниот Коте Јанакиевски како голман со хет-трик ја водеше А1 до триумф во дуелот со Аптив

А1 4-2(1-0) Аптив

А1: Коте Јанакиевски 19” 23” 30”, Ненад Трајков 23”
Аптив: Даниел Стојановски 24” 37”

Со израмнети сили започна натпреварот помеѓу екипите на А1 и Аптив. И двете екипи настапија максимално мотивирано уште од првата минута, играјќи брз и отворен фудбал со бројни шутеви кон рамките на противничкиот гол, но и покрај ваквата динамична игра, до средината на првото полувреме мрежичките останаа мирни и на двете страни. Во 19” по исклучителна интервенција на голманот Јанакиевски и неговата брза реакција, со нафрланје на топката преку целиот терен, екипата на А1 успеа да поведе со 1-0, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме и двете екипи продолжоија со одличната игра. До 23” дуото Јанакиевски-Трајков кај А1 успеаа да му донесат водство на својот тим од 3-0. Екипата на Аптив со одличен контра напад проследен со гол во реализација на Стојановски, во 24” ја намали негативата на 3-1. Но голманот на А1, Јанакиевски имаше своја вечер, па со одличниот настап заокружен со хет-трик, до средината на второто полувреме и донесе водство на А1 од 4-1. Во завршните минути Аптив успеа повторно резултатски да се приближи, но тоа не беше доволно за пресврт, па на краојот А1 славеше со 4-2.