Искуството на Макстил пресудно во дуелот со Леорон

Леорон 2-8(1-6) Макстил

Леорон: Марко Вигњевиќ 20”, Мохамад Сабра 40”
Макстил:Бојковски Бобан 3”, Мартин Лазев 4” 25”, Мухамед Исмаиљи 3” 11”, Неделковски Бојан 7” Етемов Бурхан 15” 34”,

Екипата на Макстил мошне мотивирано и со целосен фокус влезе во дуелот со Леорон. Уште на самиот стартМакстил наметна висок ритам со притисок во предно поле. Ова иm овозможи да дојдат до отворени шанси за гол кои успеаа да ги искористат и до 7” да стигнат до предност од 0-4. Екипата на Леорон во првата половина од првото полувреме се обиде со голман-играч да го изненади Макстил, но макстил играше смирено и стабилно и не дозволи да ја испушти контролата па продолжи со одличната реализација па на полувремето замина со рпедност од 1-6.
Во второто полувреме екипата на Леорон се обидуваше да фати ритам но Макстил потпирајќи се на своето искуство не дозволи никакво изненадување, го контролираше овој натпревар се до самиот крај кога успеа да обезбеди победа од 2-8.