Искуството на МЕПСО пресудно во дуелот со Уни Банка

Уни Банка 2-5(1-2) МЕПСО

Уни Банка: Ангел Петков 7′ Александар Кузинаков 24′
МЕПСО: Ѓоко Јанакиевски 11′ Борис Трајковски 6′ 37′ Тони Честојнов 32′ Диме Рошковски 40′

Првото полувреме во дуелот помеѓу екипите на Уни Банка и МЕПСО помина во висок ритам на игра и тактичко надмудрување помеѓу двете екипи. Прва во водство дојде екипата на МЕПСО во 6та минута, екипата на Уни Банка веќе во следната минута преку Петков дојде до израмнување од 1-1. Екипата на МЕПСО до крајот на полувремето имаше повеќе од играта, створија повеќе шанси за погодок што резултираше со повторно водство и предност од 1-2 на полувремето. На стартот на второто полувреме екипата на Уни Банка успеа да постигне погодок и да дојде до израмнување на резултатот на 2-2. По ова израмнување екипата на МЕПСО се префрли на противничката половина и со силен притисок кон голот на Уни Банка успеа повторно да ја врати резултатската предност која до крајот на натпреварот умешно ја сочува за победа од 2-5.