Искуството на Халк Банка пресудно во дуелот со Леорон

Халк Банка 7-2(4-2) Леорон

Халк Банка: Алпер Тахир 2” 8” 31”, Дејан Петкоски 6” 40”, Дарко Крстевски 20”, Апостол Ангелковски 39”
Леорон: Ѓорѓи Груевски 13”, Аддас Рамадани 19”

Одличен старт на натпреварот прикажа екипата на Халк банка во меѓусебниот дуел со екипата на Леорон. Со гол во раната фаза од натпреварот, Халка Банка преку Тахир 2” стигна до рано водство од 1-0. По само четири минути игра Петкоски 6” кај Халк Банка се приклучи на списокот на голгетери за водство на Халк Банка од 2-0. Екипата на Леорон се обиде со по отворена игра за го загрози голот на Халк Банка, но тоа осави простор своите задни редови кој Тахир повторно го искористи за да и донесе водство на Халк Банка од 3-0. Во тие моменти екипата на Леорон побара тајм-аут како би можеле да ја косолидираат и реорганизираат својата игра. Тоа вроди со плод во 13” со гол во реализација на Груевски со кој Леорон се врати во натпреварот со резултат 3-1, и повторно во 19” со гол на соиграчот Аддас, со што Леорон практично дојде до само еден гол негатива на една минута пред крајот на првото полувреме. Во завршните секунди од првото полувреме Крстевски кај Халк Банка постигна гол за водство на својот тим од 4-2.
Во второто полувреме екипата на Халк Банка продолжи со одличната игра. Екипата на Леорон се обидуваше со чести измени да го смени ритамот и текот на натпреварот, но Халк Банка потпирајќи се на своето искусто не дозволи изненадување па го одби овој наптревар со резултат 7-2.