
ЈСП 16-7(5-5) Џонсон Мети
ЈСП: Гоце Крстевски 7”, Васко Мирчевски 9” 22”, Давор Калиновски 10” 29”, Филип Колеќески 11” 26” 30” 34” 37”, Мартин Ливрински 18” 24” 24” 35” 39” 40”
Џонсон Мети: Никола Чаушевски 11” 20” 20” 38”, Слободан Чичевски 16”, Александар Андов 15” 27”
Во првото полувреме екипата на ЈСП имаше фуриозен почеток, играа отворен фудбал кој беше крунисан со одлична реализација. Во ваквата игра екипата на ЈСП ја искористи и дојде до предност од 3-0. При резултат 3-0, екипата на Џонсон Мети успеа да намали на 3-1, но набрзо ЈСП ги консолидира своите редови и со гол поведе до 4-1. Во тие моменти Џонсон Мети успеа да постигне два последувателни гола и дојде до негатива од само 1 гол, 4-3. Во самиот финиш од првото полувреме екипата на Џонсон Мети успеа да постигне два гола додека пак ЈСП еден гол, со што се влез со израмнет резултат во финишот од првото полувреме. Во самиот финш голманите беа на ниво на задачата, не дозволија изненадување, па на полувремето се отиде со израмнет резултат од 5-5.
На самиот старт од второто полувреме екипата на ЈПС преку Мирчевски и Ливрински со три гола во низа успеа да дојде до предност од 8-5. Екипата на Џонсон Мети се обие да го смени текот на натпреварот и да наметне свој ритам, но екипата на ЈСП потпирајќи се на своето искуство, не дозволи изненадување, и успеа да дојде до висока победа во овој натпревар од 16-7.