Ковачевиќ со хет-трик ги предводеше ЕЛЕМ до победа над Леар

ЕЛЕМ 7-2(3-1) Леар

ЕЛЕМ: Синиша Ковачевиќ 2’ 4’ 11’ Тихомир Груевски 33’ Димче Димитријески 27’ Горан Николов 27’39’
Леар: Бојан Глигуровски 2’ Марјан Ѓорѓевски 31’ 40’

Во првиот денешен натпревар од Бизнис Лигата силите ги одмерија екипите на ЕЛЕМ и Леар. Екипата на ЕЛЕМ прва го отвори натпреварот во раната фаза уште во втората минута од натпреварот, екипата на Леар имаше брз одгобор и веќе во следниот напад успеа да израмни на 1-1. Двете екипи овој натпревар го играа со отворена игра и брзи напади, екипата на ЕЛЕМ успеа да дојде до повторно водство во 4та минута а потоа и да зголеми на 3-1, за оваа позитива на ЕЛЕМ нај задолжен беше Ковачевиќ кој ги постигна сите три погодоци во првото полувреме. Екипата на Леар вршеше притисок и се обидуваше резултатски да се доближи но до полувремето не успеа во тоа па на паузата се замина со резултат од 3-1. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ продолжи со одлична игра, тие во тектот на целиот натпревар настапија со Ничевски како голман играч со што често доаѓаа до отворени шанси за погодок. Екипата на ЕЛЕМ во 27та минута успеа со погодокот на Димитријески да победе со 4-1, екипата на Леар со погодокот на Шоршиевски успеа да намали на само два погодоци негатива, но ЕЛЕМ ја имаше контролата во овој натпервар не дозволи пресврт и на крајот славеше со 7-2