Кратката клупа на Гранит сојузник на ВДЛ Ван Хоол до победата

ВДЛ Ван Хоол 5-4(4-3) Гранит

ВДЛ Ван Хоол: Даниел Стаменковски 11’ 18’ Данијел Тасевски 9’ 26’ Стефан Георгиев 20’
Гранит: Николче Глигуровски 15’ Виктор Нацев 40’ Душан Герасимовски 16’ Ненад Антовски 18’

Интересно и динамично прво полувреме одиграа екипите на ВДЛ Ван Хоол и Гранит. ВДЛ Ван Хоол уште од самиот почеток наметна високо темпо на игра, што резултираше со предност од 2-0 по погодоците на Данијел Тасевски во 9. и Даниел Стаменковски во 11. минута. Гранит брзо одговори и успеа да ги консолидира своите редови. Преку Николче Глигуровски и Душан Герасимовски, во 15. и 16. минута, ја анулираше предноста на противникот и израмни на 2-2. Само две минути подоцна, Ненад Антовски донесе целосен резултатски пресврт и водство од 2-3 за Гранит. Сепак, ВДЛ Ван Хоол не дозволи противникот да ја задржи предноста, па со два брзи погодоци на Стаменковски и Стефан Георгиев во 18. и 20. минута повторно поведе, заминувајќи на паузата со резултат 4-3. Во второто полувреме, двете екипи продолжија со борбена игра, а ВДЛ Ван Хоол успеа дополнително да ја зголеми предноста преку Тасевски, кој во 26. минута погоди за 5-3. Значаен фактор во натпреварот беше и фактот што Гранит настапи без играчи за замена, што дополнително го отежна обидот на екипата да го одржи високото темпо во текот на целиот дуел. И покрај заморот и негативата, Гранит не се предаде и во самиот финиш преку Виктор Нацев успеа да намали на 5-4. Сепак, немаше доволно време за целосен камбек, па ВДЛ Ван Хоол ја сочува минималната предност и ги освои трите бода.

Играч на натпреварот: Даниел Стаменковски (ВДЛ Ван Хоол)