Кромберг и Шуберт со одлична реализација до сигурна победа над Тиквеш

Кромберг и Шуберт 13-0(6-0) Тиквеш

Кромберг и Шуберт: Ристе Станковски 25’ 39’ 40’ Милан Тодоровски 19’ 38’ Гоце Конески 10’ 11’ 15’ 29’ 30’ Давид Денковски 7’ 31’ Бране Петровски 6’

Кромберг и Шуберт со одличен почеток во дуелот со Тиквеш, тие од самиот почеток наметнаа високо темпо на игра што им донесе водство во раната фаза од полувремето. Тие уште во 6та минута го отоврија резултатот и од минута во минута ја зголемуваа резултатската предност. Екипата на Тиквеш се обидуваше со брзи контра напди да го изненади противникот, но Кромберг и Шуберт одлично ја постави играта во одбраната и не дозволуваше лесни погодоци. До крајот на полувремето екипата на Кромберг и Шуберт успеа да створи солидна предност од 6-0. Во второто полувреме екипата на Кромберг и Шуберт продолжи со одлична игра, екипата на Тиквеш се обидуваше да најде против игра но имаше слаба реализација. Екипата на Кромберг и Шуберт ја сочува и зголеми предноста од првото полувреме па на крајот од овој дуел славеше со резултат од 13-0