Кромберг и Шуберт со погодок во последните секунди до победата над Аџибадем Систина

Кромберг и Шуберт 6-5(4-2) Аџибадем Систина

Кромберг и Шуберт: Филип Јовановиќ 6’ 20’ Марио Митровски 16’ 34’ Ристе Станковски 9’ Пеце Наумовски 40′
Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 18’ 40′ Диме Стевковски 26’ 27’ Бошковски Златко 17’

Одличне натпревар ни прикажаа екипите на Кромберг и Шуберт и Аџибадем Систина, двете екипи силно мотивирани влегоа во овој натпревар. Екипата на Аџибадем Систина прва започна со силен притисок кон голот на противникот што Кромберг и Шуберт го искористи за со брзи контра напади на спротивната страна успее да дојде до солидна предност од 3-0. Како одминуваше времето екипата на Аџибадем Систина успеа да ги консолидира своите редови и успеа да ја намали резултатската негатива на 4-2 резултат со кој се замина на паузата. Екипата на Систина во второто полувреме продолжи со силен притисок и со два погодоци на Стевковски успеа да го израмни резултатот на 4-4. Екипата на Кромберг и Шуберт по груб старт на противникот успеа да дојде до повторно водство преку пенал во 34та минута и предност од 5-4. Во финишот од натпреварот екипата на Аџибадем Систина во своите редови внесе голман играч, но екипата на Кромберг и Шуберт успеа да го издржи притисокот и да слави во овој дуел со 6-5.