Кромберг & Шуберт со одчично второ полувреме до победа над Корпа

Корпа 5-12(2-3) Кромберг & Шуберт

Корпа: Кристијан Велковски 5” 33”, Анел Курт 6” 40”, Никола Петковски 33”
Кромберг & Шуберт: Александар Крстевски 2” 4” 22” 25”, Иве Трифуновски 3” 26” 37” 40”, Александар Ѓорѓиевски 27” 27” 38”, Никола Симоновски 40”

Крајно неизвесно прво полувреме одиграа екипите на Корпа и Кромберг & Шуберт. Натпреварот го отвори екипата на Кромберг & Шуберт во 2” преку ксртевски со што дојде до водство од 0-1. За краток период со одлична игра му се приклучи Трифуновски за водство од 0-2, и повторно по неполна минута Крстевси постигна погодот за водство на Кромберг & Шуберт од 0-3 во 4” од натпреварот. Во тие моменти екипата на Корпа ги консолидира своите редови и со притисок во предно поле во 5” со гол во реализација на Велковски намали на 1-3. За неполна минута на велковски му се приклучи соиграчот Курт со што Корпа дојде на само гол негатива при резултат 2-3, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на Кромберг & Шуберт влезе со фуриозно темпо, играјќи отворен фудбал со изразен акцент играта во делот на нападот. Во ваквата игра заокружена со одлична реализација Кромберг & Шуберт до 27” го зголеми водството за цели пет гола и стигна до предност од 2-8. Екипата на Корпа се потпра на својата конодицијона подготвеност и со пресинг по целиот терен се обиде да фати резултатски. Ваквата игра вроди со плод во 33” кога дуото Велковски-Петковски со два погодоци во низа го намалија водството на Кромберг & Шуберт на 4-8, но тоа не беше за пресврт, Кромберг & Шуберт останаа присебни, продолжија со контролата над играта и на крајот славеа со високи 5-12.