
Фабрика Карпош – ГИМ 0-7(0-2) Кромберг & Шуберт
Кромберг & Шуберт: Пеце Наумовски 3’ 32’ Иве Трифуновски 22’ 30’ 39’ 40’ Дарко Котевски 2’
Одличен почеток за екипата на Кромберг & Шуберт во дуелот со Фабрика Карпош – ГИМ, тие на самиот старт во 2та минута со погодокот на Котевски успеаа да поведат со 0-1, само минута подоцна му се приклучи и Наумовски за водство од 0-2. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ имаше неколку одлични шанси за погодок но слаба реализација. Екипата на Кромберг & Шуберт со чести ротации одржуваше високо темпо на игра кое беше предизвик за екипата на Фабрика Карпош – ГИМ која денеска беше во скратен состав и практично без измена на теренот. До крајот на полувремето екипата на Фабрика Карпош – ГИМ не успеа да реализира па на паузата се замина со 0-2 во корист на Кромберг & Шуберт. Во второто полувреме екипата на Кромберг & Шуберт со одлично поставена одбрана не дозволуваше лесен погодок за екипата на Фабрика Карпош – ГИМ а преку брзи контра напади успеваше да ја зголемува разликата. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ иако имаше одлични шанси реализација немаше среќа во завршницата на нападот, па на крајот од овој дуел екипата на Кромберг & Шуберт славеше со 0-7