
Фабрика Карпош 4-5(2-0) Макстил
Фабрика Карпош: Бобан Јоновски 6’ Ѓорѓи Божиков 19’ Филип Илиевски 28’ Бојан Талески 37’
Макстил: Лазев Мартин 32’ 35’ 40’ Александар Божинов 35’ Мухамед Исмаили 38’
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Фабрика Карпош и Макстил, двете екипи во овој натпревар влегоа силно мотивирани. Екипата на Фабрика Карпош прва успеа да го отвори резултатот со погодокот на Јоноски во 6та минута, по ова водство екипата на Макстил започна со силен притисок во предно поле. Екипата на Макстил не успеваше да дојде до реализација а екипата на Фабрика Карпош со брзи контра напади се закануваше на спротивната страна. Екипата на Фабрика Карпош го издржа притисокот на противникот и до крајот на полувремето успеа да го зголеми водството на 2-0. Во второто полувреме екипата на Макстил ги консолидираше своите редови и успеа да дојде до израмнување на резултатот на 3-3. Ова ја направи завршницата на овој натпревар доста интересна, екипите играа гол за гол и во последните минути од натпреварот беше израмнет резултатот на 4-4. Во последната минута од натпреварот екипата на Макстил со погодок од далечина успеа да реализира и на крајот од натпреварот да слави со 4-5.