Леар со одлична реализација до победа над Гранит

Леар 12-2(7-0) Гранит

Леар : Борче Ристевски 5” 13”, Игор Петрушевски 6”, Робертино Златевски 7” 9” 27” 31”, Марјан Ѓорѓиевски 9” 26”, Драган Ѓорѓиевски 20”, Благојче Симјаноски 24” 36”,
Гранит : Дејан Димитровски 28”, Виктор Нацев 40”

Екипата на Леар Максимално мотивирано влезе во дуелот со Гранит. Уште на самиот старт Леар со сериозен пристап наметна висок ритам на игра, имаше одлична поставеност во делот на нападот во кој со тимска игра и чети проигрувања доаѓаше до отворени шанси за гол. Во ваквата игра не изостана и перфекрната реализација која му донесе на леар високо водство на полувремето од дури 7-0.
Во второто полувреме екипата на Гранит со промена на голман-играч се обиде да го изненади леар но Леар продолжи со одличната игра и перфектната реализација. Гранит со чести измени се обиде да му даде на овој натпревар дуг правец но Леар беше присебен, не го дозволи тоа па на крајот славеше со високи 12-2.