Леар ја искористи кратката клупа на Транском и обезбеди три бода

ранском 3-10(1-5) Леар
Транском : Бојан Мирчевски 4”, Реџа Фисник 23”, Венхар Фера 26”
Леар : Робертино Златевски 3” 27”, Брагојче Симјановски 11” 20” 36”, Борче Рестевски 16”, Маријан Ѓорѓиески 17” 28” 38”, Зоран Коцески 40”

Екипата на Леар во дуелот со Транском влезе со целиот ростер и во комплетен состав, додека пак Транском настапи со скратена состав пректично без помош од клупата. Леар со чести измени држеше висок ритам кој екипата на Транском не можеше да го испрати. Со ваквата игра екипата на Леар од минута во минута го зголемуваше водството кое на полувремето изнесуваше 1-5.
Во второто полувреме екипата на Леар продолжи во ист ритам. Транском се обиде со притисок во предно поле да ја намали резултатската негатива но Леар успеа да го одржи високиот ритам не дозволувајќи изненадувања па го доби овој натпревар со 3-10.