
А1 1-2(1-0) Леорон
А1: Стефан Петровски 17’
Леорон: Ринор Мурати 32’ Аддас Рамадани 23’
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на А1 и Леорон, двете екипи настапија со отворена и офанзивна игра. Ваквата игра на екипите донесе многу шанси за погодок но во првата фаза од полувремето голманите беа на ниво на задачата па мрежите мируваа. Во втората половина на првото полувреме екипите го подигнаа темпото на игра, екипата на А1 во 17та минута преку Перовски успеа да поведе со 1-0. До крајот на полувремето екипата на Леорон не успеа да израмни па А1 на паузата замина со минимална предност. Во второто полувреме екипата на Леорон продолжи со силен притисок кон голот на противникот што им донесе израмнување во 23та минута со погодокот на Рамадани. Екипата на А1 со брзи контра напади се обидуваше да го изненади противникот, но Леорон со одличниот погодок на Мурати успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и водство од 1-2. Екипата на А1 во завршницата изврши пеколен притисок кон голот на противникот но Леорон го издржа притисокот па на крајот славеше со 1-2.