
Леорон 4-9(1-4) ЕВН
Леорон: Аддас Рамадани 4’ 32’ 33’ 35’
ЕВН: Бојан Симоновски 31’ Дарко Стоилевски 9’ 13’ 37’ 39’ Ајет Новобрдалија 2’ Филип Огненовски 16’ 22’ 24’
Одличен старт за екипата на ЕВН во дуелот со Леорон, тие уште во 2та минута со погодокот на Новобрдалија успеаа да го отворат резултатот. Екипата на Леорон успеа да го израмни резултатот но ЕВН брзо го врати резултатот во нивна корист и да ја зголемува резултатската разлика. Екипата на Леорон не успеваше да најде против игра за противникот па на полувремето замина со негатива од 1-4. Во второто полувреме екипата на Леорон во своите редови внесе голман играч тактика кој се покажа како успешна и екипата успеа да реализира неколку погодоци, но ЕВН играше смирено не дозволуваше изненадување и ја одржуваше резултатската предност. Двете екипи покажаа одлична игра на теренот но подобрата реализација на ЕВН беше пресудна во овој дуел кој го добија со резултат од 4-9.