
Леорон 9-5(1-4) Киел
Леорон: Амет Исмаили 12’ Марко Вигњевиќ 26’ 39’ 40’ Мохамед Сабра 30’ 35’ Ринор Мурати 23’
Киел: Синиша Николовски 3’ 4’ 19’ Трпче Сибиновски 22’ Перица Николовски 6’
Одличен почеток за екипата на Киел во дуелот со Леорон, тие уште во 3та минута го отворија резултатот и поведоа со 0-1 со погодокот на Николовски. Ова рано водство им даде ветар во грб и мотивација да ја зголемат резултатската предност на 0-3. Во 12та минута екипата на Леорон успеа да ја намали негативата преку погодокот на Исмаили на 1-3, сепак до крајот на полувремето екипата на Киел имаше подобра реализација и контрола врз играта на терен па на паузата замина со предност од 1-4. Во второто полувреме екипата на Киел продолжи со одлична игра и брзо ја зголеми предноста на 1-5, ова ја примора екипата на Леорон да прави чести измени во својот состав со цел да го подигне темпото на игра. Ова им донесе одлична серија и израмнување на резултатот на 5-5 во 30та минута што ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипата на Леорон успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и стекне солидна предност од 9-5 во самата завршница.