Лефков го водеше Лукоил до победата над ТАВ

Лукоил 7-4(5-2) ТАВ

Лукоил: Петар Лефков 6’ 8’ 27’ Димитар Иванов 11’ Андреј СИмоновски 23’ Димче Андов 16’ 20’
ТАВ: Сеат Демири 7’ 19’ Онур 40’ 40’

Одлично прво полувреме ни прикажаа екипите на Лукоил и ТАВ, екипата на Лукоил прва го отвори резултатот на овој натпревар со погодокот на Лефков во 6та минута. Екипата на ТАВ имаше брз одговор и веќе во следниот напад успеа да го израмни резултатот со погодоот на Демири на 1-1. Како одминуваше времето екипата на Лукоил го подигаше темпото на игра и со брзи и точни подавања доаѓаше до одлични шанси за погодок. Тие успеа да ги искористат шансите и од минута во минута ја зголемуваа резултатската предност која на паузата изнесуваше 5-2. Во второто полувреме екипата на Лукоил продолжи со одлична игра, екипата на ТАВ атакуваше во предно поле но Лукоил одлично ја постави играта во одбраната и не дозволуваше лесни погодоци. На крајот од овој натпревар екипата на ТАВ имаше два одлични погодоци и само успеа да го ублажи поразот во овој дуел. Лукоил на крајот од овој дуел славеше со 7-4.