Лукоил преку Николовски до бодовите над НЛБ Банка

Лукоил 4-2 (1-0) НЛБ Банка

Лукоил: Иван Стојчев 1’, Лоренцо Николовски 40’, 40’, Димче Андов 34’

НЛБ Банка: Пеце Даиловски 22’, Стефан Спирковски 26’

Лукоил го отвори резултатот уште во првите секунди од натпреварот, кога Иван Стојчев донесе рано водство. По примениот гол, НЛБ Банка ја зацврсти играта во одбраната и се обидуваше преку брзи транзиции да стигне до израмнување. Лукоил, од друга страна, играше офанзивно и создаваше одлични шанси пред противничкиот гол, но голманот на НЛБ Банка, Јолдашев, со своите интервенции успешно ја чуваше мрежата. Двете екипи водеа израмнета битка, а НЛБ Банка имаше неколку добри можности во завршницата на првото полувреме, но не успеа да ги реализира, па на паузата се замина со минимална предност за Лукоил.

Во второто полувреме НЛБ Банка успеа да направи резултатски пресврт. Пеце Даиловски во 22. минута израмни на 1-1, а само четири минути подоцна Стефан Спирковски донесе водство од 1-2. Лукоил не се откажа од офанзивниот пристап и во 34. минута преку Димче Андов стигна до израмнување на 2-2, најавувајќи неизвесна завршница. Кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши без победник, Лукоил во последната минута преку Лоренцо Николовски постигна два гола и направи целосен резултатски пресврт, за конечна победа од 4-2.

Играч на натпреварот: Лоренцо Николовски (Лукоил)