
Фабрика Карпош – ГИМ 3-9(1-4) Лукоил
Фабрика Карпош – ГИМ: Тони Котев 23’ Бојан Голабовски 3’ Филип Илиевски 32’
Лукоил: Александар Георгиевски 18’ Горан Стојанов 10’ 29’ 35’ 37’ 40’ Лоренцо Николоски 20’ 28’ Петар Лефков 1’
Динамично прво полувреме прикажаа екипите на Фабрика Карпош – ГИМ и Лукоил, двете екипи од самиот старт влегоа со високо темпо на игра што се одрази и на резултатот. Екипата на Лукоил прва го отвори резултатот со погодокот на Лефков уште во првата минута од полувремето и поведе со 0-1, екипаа на Фабрика Карпош – ГИМ имаше брз одговор и во 3та минута со погодокот на Голабовски успеа да израмни на 1-1. По овие воведни погодоци играта на теренот се смири и екипите чекаа на грешка на противникот за да дојдат до шанса за погодок. До крајот на полувремето екипата на Лукоил успеа да искористи повеќе од своите шанси и на паузата замина со предност од 1-4. Во второто полувреме се продолжи со цврста игра екипата на Лукоил успеваше да ја одржи предноста стекната во првото полувреме. Кај екипата на Фабрика Карпош – ГИМ видливо беше одсуството на повредените играчи, овој ослабен состав на Фабрика Карпош – ГИМ екипата на Лукоил вешто го искористи за да ја одржи и зголеми резултатската разлика. На крајот од овој дуел екипата на Лукоил славеше со 3-9.