Лукоил со гол во последната минута славеше над Гранит

Лукоил 3-2(1-1) Гранит

Лукоил: Горан Стојанов 22’ 40’ Петар Лефков 14’
Гранит: Мартин Фотевски 15’ Мартин Ристовски 32’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Лукоил и Гранит. Екипата на Лукоил во почетната фаза од полувремето од самиот старт на натпреварот започнаа со силен пресинг кон голот на Гранит и со долги и добро изработени акции се закануваа кон противничкиот гол. Екипата на Гранит одлично ја имаше поставено својата одбрана и голманот Дулимагловски имаше одлична вечер и успеа да одбрани се што екипата на Лукоил упати кон неговит гол. Во втората половина полувремето по груб старт екипата на Гранит остана со играч помалце што Лукоил го искористи за погодок и водство од 1-0 во 14та минута, но радоста не траеше долго веќе во следната акција екипата на Гранит возврати и израмни на 1-1. До крајот на полувремето двете екипи имаа одлични шанси но недостасуваше реализација па на паузата се замина со израмне резултат. Во второто полувреме се продолжи со цврст фудбал двете екипи играа на раб на фаул, екипата на Лукоил беше таа која вршеше константен притисок кон голот на Гранит, додека пак Гранит својата шанса ја бараше преку контра напади. Екипата на Лукоил успеа да дојде до повторно водство во 22та минута од полувреме преку погодокот на Стојанов. Во 32та минута екипата на Гранит успеа да искористи грешка во одбраната на Лукоил и Ристовски реализираше за 2-2 што го направи финишот од натпреварот вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипата на Лукоил успеа да реализира погодок во последната секудна од натпреварот и да слави со 3-2.