
ВДЛ Ван Хоол 8-12(3-7) Лукоил
ВДЛ Ван Хоол: Димче Андов 10” 12” 20” 26” 36” 39” 40”, Валентино Трајковски 22”
Лукоил: Горан Стојанов 3” 28”, Петар Лефков 6” 11” 15”, Марио Антовски 9” 34”, Лоренцо Николоски 19” 34”, Андреј симоновски 20” 33” 35”
Во брз и динамичен ритам започна дуелот помеѓу екипите на ВДЛ Ван Хоол и Лукоил. И двете екипи настапија мошне сериозно уште од самиот старт, ставајќи особен акцент на играта во предно поле. Во ваквата игра, прва до погодок дојде екипата на Лукоил во 3” преку Стојанов, на кого за неполни три минути му се приклучи соиграчот Лефков со гол за водство на Лукоил од 0-2 во шестата минута. Во 9” Антовски кај Лукоил искористи грешка на одбраната на ВДЛ Ван Хоол и со одлична реализација го зголеми водството на Лукоил на 0-3. Екипата на ВДЛ Ван Хоол се обидуваше со контролирани и добро изградени акции да дојде до отворена шанса за гол. Ова им појде од рака во 10” со одличен погодок во реализација на Андов за резултат 1-3. За неполна минута Лефков од Лукоил возврати со гол за резултат 1-4, на што повторно расположениот Андов од ВДЛ Ван Хоол со гол ја намали резултатската предност на Лукоил на 2-4. До крајот на првото полувреме и двете екипи продолжија со одличната игра, Лукоил имаше подобра реализација и на полувремето замина со предност од 3-7 во своја полза.
Во второто полувреме екипата на ВДЛ Ван Хоол преку Андов кој имаше одлична реализација, се обидуваше да фати резултатски приклучок, но Лукоил со колективна игра и целосно контролиран напад не дозволи да ја изгубо предноста која ја стекна во првото полувреме, играше позиционирано недозволувајќи му на противникот да ги спроведе своите замисли. Со ваквата игра Лукои успеа да дојде во победа на овој натпревар од 8-12.