ЈСП 3-8(1-3) Лукоил
ЈСП: Васко Мирчевски 16”, Тихо Фидановски 29”, Мартин Ливрински 36”
Лукоил: Димитар Иванов 2”, Петар Лефков 6” 13” 25”, Горан Стојанов 22” 32” 40”, Марио Антовски 23”
Екипата на Лукоил уште на самиот старт играше офанзивно со целосен акцент на играта во нападот. Ваквата игра вроди со плод па Лукоил успеа да стекне предност од 0-3. Во тие моменти ЈСП го искористи голманот како голман-играч па направи притисок во предно поле со што успеа да намали на 1-3, резултат со кој заврши првото полувреме.
Екипата на ЈСП уште на самиот старт од второто полувреме направи притисок играјќи пресинг по целиот терен. Ваквата игра ја надополни со чести измени како би можела да го одржи ритамот, но Лукоил беше присебен во овие моменти, и одговори со долги и смирени напади. Ваквата игра на Лукоил му донесе отворени шанси за гол кои успеаа да ги реализираат па дојдоа до водство од 1-5. Во втората половина од второто полувреме екипата на ЈСП ги консолидира своите редови и успеа да го намали водството на Лукоил на 3-7, но тоа не беше доволно за целосен пресврт, Лукоил остана присебен, го задржа високиот ритам на игра, и на крајот славеше со резултат 3-8.