Лукоил со одлично второ полувреме до победа над Корпа

Корпа 2-5(1-1) Лукоил

Корпа: Марко Арсовски 19”, Никола Спасовски 40”
Лукоил: Александар Георгиевски 18” 25”, Петар Лефков 26” 38”, Димитар Иванов 31”

Крајно израмнето прво полувреме изиграа екипите на Корпа и Лукоил. И двете екипи играа цврсто во одбраната што оневозможуваше да се дојде до отворена шанска за гол. Прва до водство дојде екипата на Лукоил во завршницата на првото полувреме преку Георгиевски 18”, но Арсовски кај Корпа во самиот финиш од полувремето 19” успеа да израмни на 1-1.
Во второто полувреме екипата на Лукоил ја заигра својата препознатлива игра и од минута во миинута успеваше да стекне резултатска предност. Корпа се обидуваше да најде против игра за ова како би влегла во ритам, но Лукоил не го дозволи тоа па на крајот славепе со 2-5