Лукоил со сигурна игра до висока победа над Шпаркасе Банка

Лукоил 12-1(6-1) Шпаркасе Банка

Лукоил: Александар Георгиевски 6’ 17’ Горан Стојанов 29’ 32’ 40’ Иван Стојчев 3’ 15’ 31’ Лоренцо Николовски 13’ 33’ Петар Лефков 19’ 22’
Шпаркасе Банка: Филип Чижбановски 20’

Натпреварот помеѓу екипите на Лукоил и Шпаркасе Банка го отвори екипата на Лукоил во 3та минута преку Стојчев, на кој му се приклучи и Ѓоргиевски. Екипата на Шпаркасе Банка беше во скратен ростер со играч помалце во ротација, со ваков состав во преден план беше и Стојанче Јосифовски кој со новите патики како голман играч го организираше нападот на Шпаркасе Банка. Екипата на Лукоил ја искористи кратката клупа на Шпаркасе Банка со пресинг по целиот терен и висок ритам од минута во минута да го зголемува водството кое на полувремето изнесуваше 6-1. Во второто полувреме тренерот на Лукоил (Васко Стефановски) го подигна нивото на одбраната и со чести измени одржуваше висок ритам кој Шпаркасе Банка не можеше да го прати. Со ваква поставеност екипатана Лукоил од минута во минута го зголемуваше водството кое на крајот од натпреварот изнесуваше 12-1.