Лукоил со тимска игра до победата над Т-Арена – С.Ц.Б.Т

Лукоил 7-3(3-2) Т-Арена – С.Ц.Б.Т

Лукоил: Лоренцо Николовски 33’ Петар Лефков 4’ 14’ 29’ Димче Андов 22’ 26’ Давид Тренчев 13’
Т-Арена – С.Ц.Б.Т: Горан Андоновски 31’ Данијел Апостолоски 12’ Филип Тодоровски 18’

Во вториот натпревар екипите на Лукоил и Т-Арена – С.Ц.Б.Т ги одмерија силите, екипата на Лукоил успеа уште во раната фаза од полувремето да го изненади противникот и преку Лефков успеа да поведе со 1-0. Екипата на Т-Арена – С.Ц.Б.Т со Костов како голман играч се обидуваше да створи вишок во нападот и почесто да се заканува кон голот на противникот. Сепак екипата на Лукоил одлично ја постави играта во одбраната и не дозволуваше лесни погодоци а со брзи контра напади се обидуваше да дојде до поволна позиција за погодок. Т-Арена – С.Ц.Б.Т во 12та минута успеа да дојде до израмнување на резултатот преку Апостолоски, но Лукоил веќе ви следниот напад преку Тренчев успеа да дојде до повторно водство од 2-1. До крајот на полувремето екипата на Лукоил успеа да ја сочува минималната предност па на паузата замина со резултат од 3-2. Во второто полувреме екипата на Лукоил ја зацврсти играта и со многу подобра игра во предно поле успеа да резултатски да се двои од противникот. Екипата на Т-Арена – С.Ц.Б.Т имаше одлични шанси за реализацја но лсаба завршница што противникот максимално го искористи. До крајот на натпреварт екипата на Лукоил ја имаше контролата врз играта и резултатот па на крајот од овој дуел славеше со 7-3.