Лукоил со тимска игра до сигурна победа над Кромберг и Шуберт

Лукоил 10-7(6-4) Кромберг и Шуберт

Лукоил: Петар Лефков 14’ 25’ 33’ 34’ Андреј Симоновски 4’ 5’ 28’ Димче Андов 9’ 12’ Даниел Вељановски 17’
Кромберг и Шуберт: Филип Јовановиќ 29’ 36’ Милан Тодоровски 6’ 11’ Љупче Стефановски 15’ Стефан Арсовски 20’ 31’

Одличен почеток на екипата на Лукоил во раната фаза од дуелот со Кромберг и Шуберт, тие уште на самиот старт на полувремето во 4та и 5та минута преку симоновски успеаа да дојдат до предност од 2-0. Екипата на Кромберг и Шуберт успеа преку Тодоровски успеа да ја намали резултатската негатива на 2-1 и во отворена игра атакуваше на израмнување. Како одминуваше времето екипите го подигнуваа темпото на игра што донесе доста погодоци, сепак до полувремето екипата на Лукоил имаше подобра реализација па на паузата замина со предност од 6-4. Во второто полувреме екипите беа израмнети не теренот, екипата на Кромберг и Шуберт го бркаше резултатот и се обидуваше да ја стопи резултатската негатива, сепак ваквата отворена игра ја искористи Лукоил за преку брзи контра напади да успее да ја зголеми предноста. Екипата на Кромберг и Шуберт успеа да дојде до реализација но немаше доволно сили за некакво изненадување па на крајот од овој дуел екипата на Лукоил славеше со 10-7.