
ЕЛЕМ 5-9(1-4) Лукоил
ЕЛЕМ: Антонио Ничевски 6’ 40’ Тихомир Груевски 26’ Дони Кадриу 39’ Ристе Стефановски 40’
Лукоил: Александар Георгиевски 1’ Горан Стојанов 23’ 32’ Петар Лефков 14’ 20’ 33’ 38’ Димитар Иванов 15’ Марио Антоновски 28’
Одличен почеток за екипата на Лукоил во дуелот со ЕЛЕМ тие уште во првата минута од полувремето успеаа преку голманот Ѓоргиевски да поведат со 0-1. По ова рано водство на Лукоил екипата на ЕЛЕМ притисна во предно поле и преку Ничевски во 6та минута успеа да дојде до израмнување на 1-1. Двете екипи во овој дуел настапија со отворен фудбал користејќи ги своите голмани како голмани играчи со цел да се створи вишок во нападот, што ги направи почетокот на овој натпревар вистинско дерби. Во втората половина од првото полувреме кај екипата на ЕЛЕМ имаше пад на концентрацијата што Лукоил вешто го искористи за зголемување на водството на 1-3. До крајот на полувремето екипата на Лукоил ја имаше контролата врз резултатот па на паузата замина со предност од 1-4. Во второто полувреме се продолжи со цврста и офанзивна игра, екипата на Лукоил имаше подобра реализација па успеа резултатски да се одвои од противникот. Екипата на ЕЛЕМ не успеваше да се одбрани од денес расположените Лукоил. До крајот на натпреварот екипата на Лукоил не дозволи противникот да ја стопи резултатската предност па на крајот славеше со 5-9