Макпетрол го издржа притисокот и славеше над Гранит

Гранит 2-3(0-0) Макпетрол

Гранит: Аце Димитровски 24’ Николче Глигуровски 25’
Макпетрол: Бенер Бекиовски 36’ Ариан Бела 24’ Марио Митровиќ 34’

Исклучително цврсто и дефанзивно прво полувреме ни прикажаа екипите на Гранит и Макпетрол. Двете екипи во овој натпревар влегоа мотивирани и со акцент на играта во одбраната, а својата шанса за погодок ја бараа на грешка на противникот или брз контра напад. Двете екипи се обидуваа со сигурни додавања да дојдат до поволна шанса за гол но одбраната кај екипите беше одлично поставена и не дозволуваше такво нешто па од таму резултатот од 0-0 на полувремето. Во второто двете екипи значително го подигнаа темпото на игра што донесе резултат кај екипата на Гранит во 24та минута кога Димитровски со евро гол го отвори резултатот. Веднаш по ова екипата на Макпетрол успеа да возврати и да израмни на 1-1. Сепак екипата на Гранит подолжи со одлична игра и повторно поведе со 2-1 во 25та минута. По ова екипата на Макпетрол се префрли на противничката половина и вршеше константен притисок кон голот на Гранит што им донесе израмнување во 34та минута и ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипата на Макпетрол успеа да реализира преку Бекиовски и да го издржи завршниот притисок од Гранит за победа од 2-3.