Макпетрол со колективна игра до победа во дуелот со Халк Банка

Макпетрол 4-0(3-0) Халк Банка

Макпетрол: Наум Тауловски 1”, Мишо Ѓоргиоски 13” 34”, Никола Секуловски 20”

Натпреварот помеѓу екипите на Макпетрол и Халк банка го отвори екипатана Макпетрол во раната фаза во натпреварот преку голманот Тауловски во 1” кој со маестрален погодок од далечина и донесе водство на својата екипа од 1-0. И на двете страни се играше брз и отворен фудбал. Екипите играа колективна игра преку која со одлични асистенции успеваа да стигнат до отворена шанса за гол. Во ваквата игра на екипата на Халк Банкаи изостана реализацијата, што не беше случај со екипата на Макпетрол која успеа со три гола да дојде до водство од 3-0, резултат со кој се замина на полувремето.
Во второто полувреме и двете екипи продолжија во ист ритам играјќи отворен и брз фудбал исполнет со бројни атрактивни асистенции и обиди кон голот на противникот. Екипата на Халк Банка стави акцент на цврстата игра во одбраната, отежнувајќи ја задачата на напаѓачката линија на Макпетрол, но тоа сепак не беше доволно да се сопре вечерва расположената екипа на Макпетрол, па така Макептрол во 34” преку Ѓоргиоски дојде до погодок и ја зголеми предноста на 4-0, резултат со кој заврши овој натпревар.