Макпетрол 7-1(3-0) ТАВ
Макпетрол: Мишо Ѓоргиовски 25’ Баже Тодоровски 28’ Никола Секуловски 2’ 19’ Небојша Прленда 26’ Давид Митровски 10’ 40’
ТАВ: Сабри Лесковица 33’
Со натпреварот помеѓу екипите на Макпетрол и ТАВ започна првото коло од Супер Лигата, двете екипи во овој натпревар настапија со сериозен пристап и атакуваа на бодовите. Екипата на Макпетрол прва успеа да го отвори резултатот со погодокот на Секуловски во 2та минута од натпреварот, ова ја примора екипат ана ТАВ да заигра поофанзивно и се почесто да се заканува кон голот на противникот. Ваквата отворена игра ја искористи екипата на Макпетрол за да ја зголеми резултатската предност, екипата на ТАВ со кратката клупа и немањето играч во ротација не успеваше да го одржи високот темпо на игра па на паузата Макпетрол замина со предност од 3-0. Во второто полувреме екипата на Макпетрол продолжи со брза и динамична игра и користејќи ја кратката клупа на ТАВ наметна високо темпо на игра. Ваквата игра им донесе зголемување на резултатската предност, од минута во минута тие ја зголемуваа предноста која до 33тга минута изнесуваше 6-0. Екипата на ТАВ успеа да реализира за само да ја намали разликата со погодокот на Ласковица, но сепак Макпетрол ја имаше контролата и врз играта и резултатот па на крајот славеше со 7-1.