Макпетрол со одлична реализација до победата над Окта

Макпетрол 9-2(4-1) Окта

Макпетрол: Мишо Ѓоргиовски 7’ Горан Новаковски 16’ 19’ 24’ Боце Ефремов 30’ Никола Секуловски 23’ Наум Тауловски 18’ 28’ Ариан Бела 40’
Окта: Иван Мицевски 17’ 35’

Петтото коло од Супер Лигата го отворија екипите на Макпетрол и Окта, двете екипи во овој натпревар влегоа со отворена и офанзивна игра. Екипата на Макпетрол беше прва која превзема иницијатива и преку Ѓоргиовски успеа да реализира во 7та минута за водство од 1-0. Екипата на Макпетрол со ова водство доби ветар во грб и се почесто се закануваше кон голот на Окта која својата шанса ја бараше преку брз контра напад. Екипата на Макпетрол преку Новаковски во 16та минута успеа да го зголеми водството на 2-0, но Окта веќе во следниот напад успеа да намали на 2-1 со погодокот на Мицевски. До крајот на полувремето екипата на Макпетрол имаше одлична реализација па на паузата замина со предност од 4-1. Во второто полувреме екипата на Макпетрол продолжи со одлична реализација и од минута во минута го зголемуваше своето водство,а екипата на Окта иако имаше неколку одлични шанси имаше слаба реализација. До крајот на натпреварот екипата на Макпетрол не дозволи никакво изненадување па на крајот од овој дуел славеше со убедливи 9-2