
Макептрол 5-2(3-0) ЕВН
Макпетрол: Горан Новаковски 18’ 24’ Никола Секуловски 16’ Наум Таулоски 6’ 27’
ЕВН: Дарко Стоилевски 38’ Бојан Клечкаровски 26’
Во првиот натпревар од 2025та година на стартот од 11 коло силите ги одмерија екипите на Макпетрол и ЕВН. Двете екипи овој натпревар го започнаа во високо темпо на игра и со многу проигрувања на средината на теренот. Екипата на Макптерол го отвори резултатот во 6та минута со погодокот на Тауловски и успеа да поведе со 1-0. По оваа негатива екипата на ЕВН ги зацврсти своите редови во одбраната и со брзи транзиции се обидуваше да се закани на спротивната страна и дојде до погодок за израмнување. Екипата на Макпетрол во 14та минута успеа да искористи грешка во одбраната на ЕВН и ја зголеми предноста на 2-0, а до полувремето успеа да стигне и до три гола предност. Во второто полувреме екипата на Макпетрол продолжи со одлична игра успеа да влезе во својот препознатлив ритам и да го зголемува своето водство, екипата на ЕВН успеа преку Клечкаровски да ја намали резултатската негатива но Макпетрол ја имаше контролата врз играта и резултатот па на крајот од овој дуел славеше со 5-2.