Макпетрол со победа над Лукоил до шампионсака титула

Макпетрол 7-6(5-3) Лукоил

Макпетрол: Горан Новаковски 2”, Филип Митков 3” 40”, Мишко Ѓоргиовски 8”, Никола Секуловски 9” 14”, Баже Тодоровски 31”
Лукоил: Лоренцо Николовски 2”, Петар Лефков 4 “ 23”, Горан Стојанов 12” 32”, Марио Антовски 40”

Последниот натпревар во овогодинешниот систем на натпреварувања во Бизнис Лигата на Македонија го одлучуваше шампионот. Силите во овој натпревар ги одмерија екипата на Макпетрол и екипата на Лукоил. Екипата на Макпетрол преку Новаковски во нај раната фаза од овој натпревар, буквално на самиот старт, успеа да поведе со 1-0, во втората минута, но Лукоил имаше одговор преку Николовски кој по не цела минута успеа да го израмни резултатот на 1-1. Се играше цврсто и на двете страни. Екипите беа максимално мотивирани, практично го оставија срцето на терен. Се играше крајно израмнет фудбал, гол за гол, се до втората половина од првото полувреме кога кај Макпетрол проработе Секуловски кој со два гола му донесе водство на Макпетрол од 5-3, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на Лукоил заигра нешто по агресивно со притисок во предно поле, но Макпетрол не дозволи Лукоил да го превзеде водството. Ваквиот израмнет натпревар продолжи се до самиот финиш од овој натпревар кога победникот се одлучуваше буквално во последните десет секунди. Во последните секунди од овој натпревар, Антовски кај Лукоил успеа да го израмни резултатот на 6-6, и кога сите мислеа дека овој натпревар ќе заврши реми, Митков кај Макпетрол буквално во последните секунди од овој натпревар успеа да реализира гол за победа од 7-6, со кој му ја донесе шампионската титула на Макпетрол.