
Макпетрол 16-2(9-1) Џонсон Мети
Макпетрол: Мишо Ѓоргиовски 3’ Бенер Бекиовски 19’ Филип Митков 9’ Баже Тодоровски 17’ Горан Новаковски 2’ 8’ 22’ Виктор Доневски 13’ 16’ 32’ 33’ Боце Ефремов 4’ Никола Секулоски 24’ 27’ Небојша Прленда 23’ 39’
Џонсон Мети: Љупчо Стојановски 23’ Дарко Ѓурчиновски 9’
Деветото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Макпетрол и Џонсон Мети. Екипата на Макпетрол имаше одличен почеток со погодок во раната фаза од натпреварот поточно во втората минута од полувремето со реализација на Новаковски на кого само минута подоцна му се приклучи Ѓоргиовски за водство од 2-0. Екипата на Макпетрол со одлично поставена игра на средината на теренот често успеваше да дојде до отворени шаниси за погодок пред голот на противникот. Екипата на Џонсон Мети со голман играч се обиде да ја намали резултатската разлика но Макпетрол одлично ја постави играта во одбраната и успеваше да ја казни секоја грешка на противникот. До полувремето екипата на Макпетрол успеа да дојде до солидна предност од 9-1. Во второто полувреме екипата на Џонсон Мети се обиде со брзи контра напади да се врати во натпреварот, но екипата на Макпетрол не дозволуваше лесни продори на противникот. Кај екипата на Џонсон Мети воочлива беше кратката клупа и немањето играч повеќе во ротација, што екипата на Макпетрол вешто го искористи за со чести ротации да ја одржува свежината во своите редови. Екипата на Џонсон Мети не успеваше да најде решение за денес расположените Макпетрол кој на крајот од овој натпревар славеа со убедливи 16-2.