
Сигал Иншуренс Груп 5-4 (2-1) Макстил
Сигал Иншуренс Груп: Љуљзим Каштањева 23’, Арбен Нухиу 16’, 29’, Анди Нухиу 27’, Фисник Нухиу 3’
Макстил: Бојан Неделковски 40’, Мартин Лазев 11’, 33’, Мухамед Исмаиљи 30’
Одлично прво полувреме одиграа екипите на Сигал Иншуренс Груп и Макстил. Двете екипи уште од самиот почеток настапија со високо темпо на игра, најавувајќи возбудлив натпревар. Сигал Иншуренс Груп прва го отвори резултатот преку Фисник Нухиу во 3. минута, но Макстил со добра игра во нападот успеа да израмни во 11. минута со погодокот на Мартин Лазев. Сепак, Сигал Иншуренс Груп повторно дојде до предност во 16. минута, кога Арбен Нухиу погоди за 2-1. Макстил имаше можност да го израмни резултатот од пенал, но не успеа да ја искористи шансата, па на паузата замина со негатива од 2-1.
Во второто полувреме Сигал Иншуренс Груп успеа да ја зголеми предноста на 5-1, благодарение на погодоците на Љуљзим Каштањева и браќата Нухиу. Соочен со високата негатива, Макстил беше принуден да заигра со голман-играч, тактика која се покажа како успешна. Макстил започна да ја намалува разликата, па со погодоците на Мартин Лазев, Мухамед Исмаиљи и Бојан Неделковски во 40. минута успеа да стигне до 5-4 и да внесе голема неизвесност во завршницата. Сепак, Сигал Иншуренс Груп успеа да ја сочува минималната предност и на крајот да слави со 5-4.