Макстил не дозволи изненадување и славеше над Стопанска Банка

Стопанска Банка 5-7(0-3) Макстил

Стопанска Банка: Дарко Симјановски 24’ 31’ 38’ Владимир Стојчевски 30’ 30’
Макстил: Мартин Блажевски 25’ Мартин Лазев 28’ 37’ Бобан Бојковски 20’ Мухамед Исмаили 18’ 18’ 35’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Стопанска Банка и Макстил, двете екипи во овој натпревар влегоа со цврста игра и одлична одбрана. Екипите играа на средината на теренот и со одлично поставена игра мрежите на головите мируваа. Во финишот од првото полувреме екипата на Макстил успеа да ја скрши одбраната на Стопанска Банка и во последните две минути од првото полувреме успеа да реализира три погодоци за предност од 0-3 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Стопанска Банка успеа да ги консолидира своите редови ја стопи резултатската предност на противникот и во 31та минута успеа да дојде до само еден погодок негатива при резултат од 4-5. Што ја направи завршницата од натпреварот доста интересна. Екипата на Макстил не дозволи целосен пресврт на противникот па на крајот од натпреварот славеше со 5-7.