Макстил 3-2(2-1) Атлантик Груп
Макстил:Бојан Неделковски 3’ 7’ Етемов Бурхан 35’
Атлантик Груп: Мирослав Тодоровски 12’ Далибор Тасевски 26’
Динамично прво полувреме одиграа екипте на Макстил и Атлантик Груп, двете екипи од самиот старт на натпреварот започнаа со офанзивна и отворена игра што донесе погодоци уште во раната фаза. Екипата на Макстил прва го отвори резултатот во 3та минута со погодокот на Неделковски за водство од 1-0, само 5 минути подоцна успеа да реализира по втор пат за предност од 2-0 за својата екипа. По ова водство на Макстил екипата на Атлантик Груп направи промени во својата игра и внесе голман играч што се покажа како правилна одлука па успеаа да намалат на 2-1 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Атлантик Груп продолжи со силен притисок кон голот на противникот што им донесе израмнување во 26та минута со погодокот на Тасевски. Во финишот на натпреварот екипата на Макстил преку Бурхан успеа да дојде до повторна предност од 3-2, екипата на Атлантик Груп иако имаше одлични шанси не успеа да направи пресврт. На крајот од овој натпревар Макстил славеше со резултат од 3-2.