
Нелт Груп 2-11 (1-5) Макстил
Нелт Груп: Александар Таневски 19’, Бојан Николовски 34’
Макстил: Лазев Мартин 1’, 14’, Бобан Бојковски 2’, Боби Мисердовски 12’, Мухамед Исмаиљи 19’, Ивица Величковски 25’, Бојан Неделковски 26’, 28’, Александар Божинов 36’, 38’, Чеде Марковски 40’
Екипата на Макстил уште од самиот почеток наметна високо темпо на игра, со тактичка поставеност со голман-играч и изразено офанзивен пристап во дуелот со Нелт Груп. Ваквата игра вроди со плод уште во првата минута, кога Лазев Мартин го отвори резултатот, а веќе во следната минута Бобан Бојковски ја зголеми предноста на 0-2. Нелт Груп, која настапи со скратен состав и без можност за ротација, тешко наоѓаше решение за организираната игра на противникот. Макстил продолжи со офанзивниот пристап и постепено ја зголемуваше предноста, па до 19. минута стигна до убедливи 0-5. Во финишот на првото полувреме, Александар Таневски успеа да ја затресе мрежата на Макстил и да намали на 1-5, резултат со кој се замина на пауза. Во второто полувреме продолжи истиот ритам, а Макстил максимално ја искористи ограничената можност на противникот за ротација. Со чести измени и свежи сили во играта, успеа да го одржи високото темпо, на кое Нелт Груп не можеше да одговори. Макстил продолжи со одличната реализација, постигнувајќи уште шест погодоци во вториот дел од натпреварот. Нелт Груп преку Бојан Николовски во 34. минута успеа да постигне уште еден погодок, но тоа не беше доволно да го промени текот на натпреварот. До последниот судиски свиреж Макстил ја задржа целосната контрола и заслужено славеше со убедливи 2-11.
Играч на натпреварот: Ивица Величковски (Макстил)