
Макстил 6-2(1-1) А1
Макстил: Неделковски Бојан 32’ Лазев Мартин 18’ Етемов Бурхан 29’ 30’ 31’ Муарем Исмаиљи 40’
А1: Давид Бачовски 20’ 36’
Динамично прво полувреме прикажаа екипите на Макстил и А1, двете екипи од самиот старт наметнаа високо темпо на игра. Екипите беа фокусирани на игра во одбраната и перфектно ги затвараа пристапите кон својот гол. Како одминуваше времето екипата на Макстил се почесто напаѓаше кон голот нa A1 беше на ниво на задачата и не дозволуваше лесни погодоци додека А1 преку брзи контра напади се обидуваше да го изненади противникот. Во 17та минута од полувремето екипата на Макстил успеа преку пенал кој го реализираше Лазев да дојде до првиот погодок на натпреварот и да поведе со 1-0. Во самиот финиш на полувремето екипата на А1 успеа да возврати преку Бачовски и израмни на 1-1 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме се продолжи со слично темпо на игра двете екипи беа израмнети на теренот и со брзи контра напади се обидуваа да реализираат. Екипата на Матрикс успеа во 29та минута да дојде до водство од 2-1 што им даде дополнителене мотив па за само 4 минути успеаа да стигнат до солидна предност од 5-1. Екипата на А1 се обиде со голмн играч да се врати во натпреварот но не успеа во таа намера па на крајот од овој дуел Макстил славеше со 6-2.