Макстил со одлично второ полувреме до победата над Тиквеш

Макстил 11-5(3-2) Тиквеш

Макстил: Бојан Неделковски 7’ Ридван Идризи 30’ 40’ Мартин Блажевски 17’ Бурхан Етемов 36’ Бобан Бојковски 22’ 27’ 28’ 34’ Мухамед Исмаиљи 8’ 38’
Тиквеш: Дамјан Петревски 19’ 26’ Делчо Кировски 18’ 29’ 40’

Седумнаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Макстил и Тиквеш, двете екипи настапија силно мотивирани и атакуваа на противникот. Екипата на Макстил прва го отвори резултатот со погодокот на Неделковски во 7та минута, по ова водство тие добија ветер во грб и нападнаа кон голот на противникот со уште поголем интензитет, ваквата игра им донесе зголемување на водството. Екипата на Макстил продолжи со одличната игра и успеа да го зголеми водството на 3-0, но екипата на Тиквеш ги консолидира своите редови и преку Кировски и Петревски успеа да дојде на само гол негатива при резултат од 3-2. Во второто полувреме екипата на Тиквеш успеаваше да одржува само еден гол негатива се играше гол за гол. Во втората половина на полувремето екипата на Макстил го подигна темпото на игра и успеа повторно да створи резултатска предност во самата завршница на натпреварот. Екипата на Тиквеш немаше сили за да ја стопи резултатската негатива па на крајот од овој дуел екипата на Макстил славеше со 11-5.