Макстил со тимска игра до победата во дуелот со Алма М

Алма М 2-8(1-4) Макстил

Алма М: Абдула Фера 10’ 38’
Макстил: Бојан Неделковски 2’ 7’ 20’ Мартин Блажевски 28’ Лазев Мартин 30’ Бобан Бојковски 39’ Мухамед Исмаиљи 20’ 40’

Одличен почеток за екипата на Макстил во дуелот со Алма М тие уште на самиот почеток на полувремето со брза реализација во 2та минута го отворија резултатот. Ова рано водство им даде дополнителен мотив па во 7та минута повторно преку Неделковски успеаа да зголемат на 0-2. Екипата на Алма М во 10та минута преку Фера успеа да реализира и да дојде до само еден гол негатива. Сепак екипата на Макстил со одлично поставена игра во одбраната и брзи контра напади успеваше да ја зголемува предноста која до полувремето изнесуваше 1-4. Во второто полувреме екипата на Макстил продолжи со одличната игра што се одразуваше на резултатот. Екипата на Алма М не успеваше да најде против игра за расположениот противник. Екипата на Макстил до крајот на натпреварот играше сигурна игра и заслижено на крајот од овој дуел славеше со 2-8.