Макстил со 3 хет-трика во реализација на Лазев, Бојковски и Илиев до победа над Транском

Транском 3-9(1-2) Макстил

Транском: Бојан Мирчевски 18” 38”, Фисник Реџа 24”
Макстил: Лазев Мартин 14” 23” 40”, Бобан Бојковски 17” 30” 39”, Марко Илиев 21” 27” 34”

Првото полувреме во дуелот помеѓу екипите на Транском и Макстил започна со цврста одбрана и на двете страни. И двете екипи имаа одлична поставеност во делот на одбраната. Голманите беа на ниво на задачата па мрежичките мируваа се до втората половина од првото полувреме кога екипата на Макстил во 14” преку Лазев успеа да стигне до предност од 0-1. Ваквиот ритам екипата на Макстил го продолжи и во 17” кога преку Бојковски успеа да го зголеми водството на 0-2. Екипата на Транском во самиот финиш од полувреме ги консолидира своите редови и по неполна минута возврати со гол во реализација на Мирчевски 18” со што го намали водството на Макстил на 1-2, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на Транском со одлична игра и реализација успеа да ја намали предноста на 4-2. Екипата на Макстил со чести измени успеа да наметне висок ритам на игра кој Транском не можеше да го прати, па Макстил од минута во минута го зголемуваше водството и успеваше резултатски да се одлепи. Во ваквата игра екипата на Макстил успеа да дојде до победа од високи 3-9.